ДЕТАЛИ
- Категорија – СОСТАНОК
- Датум – 2017-11-17
- Место -Варна, Бугарија
ЦЕЛИ
На 17 ноември 2017 година, во Варна, Бугарија, се одржа почетниот состанок на партнерите на ХЕЛИКС проектот.
На состанокот присуствуваа 13 лица – координатори и финансиски експерти – кои ги претставуваа сите 6 партнери во проектот.
Настанот започна со претставување на секоја партнерска институција, нивните активности во контекст на проектот и средствата кои може да се искористат за додавање вредност на имплементацијата на проектот и резултатите.
Понатаму, средбата продолжи со запознавање, дискусија и планирање на Финансиското управување и сметководство за проектот, Дисеминацијата, Испораките и Акциониот план. Посебно внимание беше посветено на состојбата со обезбедување на стручно образование и обука на средно и терцијарно ниво во областа на туризмот во регионот БалканМед, на специфичните регионални потреби во врска со обуката на теми поврзани со туризмот и управување со иновации, одржливост, комплементарноста помеѓу експертизата на партнерите и фокусот на применетите истражувања.
Како резултат на овој состанок партнерите презедоа важни одлуки за текот на проектот, се согласија и усвоија клучни документи за имплементација и поставија начин за непречена комуникација и ефикасна имплементација.