Проектот HELIX има за цел да обезбеди рационална поддршка во зголемувањето на компетенциите за одржлив бизнис и иновации во угостителскиот сектор на Балканско-медитеранскиот регион. Клучен предуслов во овој поглед е воспоставувањето на соодветни алатки за обука, заеднички образовни понуди и заедници за учење и пракса, кои заедно ќе можат да придонесат за продлабочување на вештините специфични за секторот.
Во претходната фаза од имплементацијата на проектот беа идентификувани клучните проблематични и просперитетни полиња на угостителската индустрија. Тие беа соодветно интерполирани кон сегашните и идните потреби за специфични вештини и компетенции за секторот. Врз основа на тоа, партнерскиот конзорциум HELIX продолжи кон изработка на наставни програми и материјали за обука во следните области:
- (1) Педагогија на одржлив туризам
Во суштина, курсот се планира да служи за потребите за обука на обучувачи, подготовка на стручни предавачи и вежби во областа на туризмот. Затоа е концептуализиран за обуки за стручно образование/ повисоко ниво на стручни обуки и за втор циклус на образование. Сепак, ќе се воспостават повеќе можности за да може курсот (целосно или делумно) да биде вграден во предметите во високото образование со различни аспекти.
Следниве партнерски организации се вклучени во процесот на развој на наставните програми и соодветните ресурси за обука: (1) Универзитет за менаџмент во Варна (Бугарија), (2) Универзитет на Тесалија, Оддел за планирање и регионален развој (Грција); (3) Универзитет “Александар Мојсиу” во Драч (Албанија); (4) Економскиот институт (ФИРОМ)
- (2) Претприемнички вештини за одржливи туристички претпријатија
TРазвојот на курсот е базиран на интердисциплинарен пристап, при што се користи искуството на институциите од различни земји од Балканско-медитеранскиот регион, кои имаат долгогодишно искуство и воспоставени традиции во обезбедувањето на потребната теоретска обука или практична помош за развој на туристичките претпријатија. Од една страна, овој пристап обезбедува поинаков увид во потребните претприемачки вештини во туристичкиот сектор, а од друга страна – нуди неопходен поттик за обезбедување на повисок степен на одржливост на претпријатијата, во економски, социјален и еколошки поглед. Овој курс, исто така, посебно се фокусира на области како што се управување со ресурси, зелени вештини, технолошки иновации и други области кои произлегуваат од динамиката на секторот, глобализацијата и приоритетите на Агендата 2030.
TСледниве партнерски организации се вклучени во процесот на развој на наставните програми и соодветните ресурси за обука: (1) Универзитетот на Тесалија, Оддел за планирање и регионален развој (Грција); (2) Универзитетот во Скадар `Луиџ Гуракуќи` (Албанија); (4) Економскиот институт – Скопје ; (5) Асоцијација за кулинарски уметности и угостителство (Бугарија)
Планирано е процесот на развивање на 2-те обуки и соодветните материјали за обука (како отворени образовни ресурси) да се финализираат на крајот на ноември 2018 година. Применливоста на подготвената обука ќе се тестира во рамки на проектот преку спроведување на пилот-обуки со помешана мобилност во сите овие аспекти. Материјалите за обука и курсевите ќе бидат отворени и достапни за пошироката јавност.