ДЕТАЛИ
- Category – EVENT
- Date – 2019-05-14 and 2019-05-16
- Venue – Skopje, North Macedonia
ЦЕЛИ
ММК „Претприемачки вештини за одржливи угостителски претпријатија“ имаше за цел тестирање на ефективноста на развиениот курс во реални услови и различни национални контексти. Тој е прилагоден на потребите на потенцијалните нови претприемачи во секторот за угостителство и беше организиран како последователни сесии од два дела:
– сесија во земјата која се фокусираше на теоријата која се одржа во различни земји-партнери во мај, во која учествуваа повеќе од 90 идни претприемачи на меѓународно ниво; и
– заедничка меѓународна мобилност за учење ориентирана кон пракса, што се одржа од 14 до 16 мај 2019 година во Скопје, Северна Македонија. Вкупно 60 претставници на МСП учествуваа во неа.