Дводневната меѓународна работилница за градење капацитети ќе се одржи на 21 февруари. Настанот ќе се одржи во Варна, Бугарија, а ќе се состанат професионалци и практичари од земјите од Балканот.
Работилницата има за цел да ги подобри капацитетите на чадор-организациите за поддршка на нивните членови и заинтересираните туристички претпријатија со потребните информации и помош во усвојувањето на одржлив пристап во нивните активности. Затоа, темите на работилницата покриваат широк спектар од темите на одржливост – достапен и одговорен туризам, развој на туристички дестинации, дигитализација и нови софтверски решенија за одржливо управување со хотели и ресторани, итн.
Учесниците на настанот ќе имаат можност да се стекнат со нови знаења и да ја подигнат сопствената свест за иновациите на секторот, но исто така и за размена на искуства и одржливи пристапи со своите колеги од Албанија, Бугарија, Грција и Северна Македонија.
За заинтересираните чинители кои не можат да присуствуваат, ќе има стриминг во живо од работилницата во текот на двата дена.
Настанот е организиран од страна на Асоцијацијата за кулинарски уметности и угостителство во соработка со Универзитетот за менаџмент во Варна и е дел од проектот „Иницијатива за размена на претприемачко учење за угостителски МСП во Балканско-Медитеранскиот регион“ (HELIX).