ДЕТАЛИ
- Категорија – НАЦИОНАЛЕН НАСТАН
- Датум – 2018-01-31
- Место -Варна, Бугарија
ЦЕЛИ
Настанот за подигнување на свеста во Бугарија беше организиран под слоганот “Одржливост и иновации во туризмот”. Се одржа на 31-ви јануари во главниот кампус на Универзитетот во Варна, Варна (ул. Обириште, 13а). Заедно со презентацијата на проектот ХЕЛИКС, ги здружи теоретските предавања и практични демонстрации кои ги презентираа можностите, придобивките и поволноста од автоматизација на услугите во угостителскиот сектор (особено хотелските и ресторанските услуги).
Говорници на настанот беа истражувачи од областа на робономиката, Претседавачот на Здружението на хотелиери и ресторани во Варна и етаблирани оператори кои нудат иновативни решенија за поддршка на бизнисот и оптимизација на перформансите и обезбедување на високо квалитетни услуги.
На настанот присуствуваа речиси 70 лица, додека најголем дел од публиката се состоеше од претставници на угостителски МСП кои изразија потреба од вакви иницијативи и широка промоција на можните решенија за поддршка на туристичкиот сектор, како и потребата за градење капацитети и вештини за ослободување на потенцијалот на Балканско медитеранското угостителство.