ДЕТАЛИ
- Категорија – MEETING
- Датум – 2018-01-31
- Место – Скопје, Македонија
ЦЕЛИ
Настанот за подигнување на свеста во Република Македонија се одржа на 31-ви јануари.
Во согласност со фокусот и содржината на ХЕЛИКС, настанот ја нагласи потребата од реформи во наставната програма во сите нивоа на образование преку отворање на дискусија за прашањето помеѓу бизнисот и давателите на образование. Настанот заврши со презентација на некои добри практики за обезбедување на одржливост на угостителските МСП во регионот.
На настанот присуствуваа повеќе од 70 лица – претставници на угостителски МСП, обучувачи, студенти и медиуми. Заедно со спроведувањето на своите цели за информирање на целните групи за иницијативите на ХЕЛИКС, постигна значајни придонеси за активностите на иницијативата.