Последниот настан на проектот HELIX – Конференција за финална дисеминација ќе се одржи во Волос, Грција на 2 јули.
Настанот има за цел да ги презентира достигнувањата и влијанијата на проектот на институционално, национално и регионално ниво, но исто така и да се покрене дискусија во врска со изгледите за меѓународна соработка за одржлив туризам во северниот Балканско-Медитерански регион.
Настанот е бесплатен и отворен за сите заинтересирани страни. За регистрација, ве молиме контактирајте со соодветниот партнер на проектот – Одделот за планирање и регионален развој на Универзитетот во Тесалија.