ДЕТАЛИ
- Category – EVENT
- Date – 2019-06-19 and 2019-06-20
- Venue – Varna, Bulgaria
ЦЕЛИ
На 19 и 20 јуни во Варна, Бугарија, се одржа меѓународен саем за размена на искуства и за вработување во поддршка на одржливото угостителство. Настанот ги промовираше претприемништвото, квалификацијата и вработувањето во управувањето и иновативните активности.
Агендата на саемот беше комбинација на предавања, демонстрации и изложбени сесии. На предавањата се дискутираше за некои важни предизвици со кои се соочува угостителскиот сектор, вклучувајќи ја и одржливоста на бизнисот, квалификацијата и вработувањето на младите луѓе во управувањето и иновациите во угостителството. Понатаму, беше претставено претприемачкото искуство во воведување нови туристички услуги и производи – мобилни апликации, настани и атракции.
Демонстрациите на иновативни техники за подготовка на храна и пијалаци ги отворија двочасовните попладневни сесии за дискусија за бизнис-идеите, развојот на кариера и вработувањето во Балканско-Медитеранскиот регион.
На настанот присуствуваа повеќе од 60 млади луѓе, практичари и засегнати страни од Албанија, Бугарија, Грција и Северна Македонија, кои ја искористија можноста за вмрежување, споделување искуства и градење вештини.