Заеднички вебинар за менторство за одржливо угостителство за претприемачи ќе се одржи на 11 декември 2018 година.
Настанот ја промовира употребата на иновации кои придонесуваат за одржлив развој во угостителскиот сектор во Балканско-медитеранскиот регион. Според тоа, главните теми (i) ја објаснуваат одржливоста како бизнис двигател во угостителството и туризмот и (ii) ги покажуваат иновациите и успешните добри практики.
Настанот е ориентиран кон пракса и ќе им пружи поддршка на сите заинтересирани деловни лица и професионалци во усвојувањето на технолошки и нетехнолошки нови решенија за одржливост.
Етаблирани експерти, претприемачи и практичари во угостителството и туризмот ќе ги спроведуваат он-лајн сесиите.
Покрај тоа, самиот вебинар е организиран на иновативен начин комбинирајќи активности на само место со онлајн активности. Учеството на сесиите на заинтересираните страни ќе се одржи во просториите на секоја партнерска институција (во Варна, Волос, Драч, Скадар и Скопје) за да се обезбеди градење на партнерства во локална и национална средина. Истовремено, онлајн интеракција помеѓу “националните соби” и сесиите ќе обезбеди прекугранично учење и размена на идеи.
Настанот е бесплатен и отворен за учество за сите заинтересирани претприемачи и бизнис претставници од угостителскиот сектор на Албанија, Бугарија, Грција и ПЈРМ.
За повеќе детали во врска со настанот и можностите за учество соодветниот проектен партнер треба да се контактира.