Varna University of Management, Varna, 13A Oborishte str.
+359 52 620 871

НАЦИОНАЛЕН НАСТАН – БУГАРИЈА

Настанот за подигнување на свеста во Бугарија беше организиран под слоганот "Одржливост и иновации во туризмот".

ДЕТАЛИ

  • КатегоријаНАЦИОНАЛЕН НАСТАН

  • Датум – 2018-01-31

  • Место -Варна, Бугарија

ЦЕЛИ

Настанот за подигнување на свеста во Бугарија беше организиран под слоганот “Одржливост и иновации во туризмот”. Се одржа на 31-ви јануари во главниот кампус на Универзитетот во Варна, Варна (ул. Обириште, 13а). Заедно со презентацијата на проектот ХЕЛИКС, ги здружи теоретските предавања и практични демонстрации кои ги презентираа можностите, придобивките и поволноста од автоматизација на услугите во угостителскиот сектор (особено хотелските и ресторанските услуги).

Говорници на настанот беа истражувачи од областа на робономиката, Претседавачот на Здружението на хотелиери и ресторани во Варна и етаблирани оператори кои нудат иновативни решенија за поддршка на бизнисот и оптимизација на перформансите и обезбедување на високо квалитетни услуги.

На настанот присуствуваа речиси 70 лица, додека најголем дел од публиката се состоеше од претставници на угостителски МСП кои изразија потреба од вакви иницијативи и широка промоција на можните решенија за поддршка на туристичкиот сектор, како и потребата за градење капацитети и вештини за ослободување на потенцијалот на Балканско медитеранското угостителство.