`Иницијативата за размена на претприемничко учење за одржливи угостителски мали и средни претпријатија во балканско-медитеранскиот регион` (ХЕЛИКС) е резултат на целна соработка меѓу 4 високообразовни институции (од Бугарија, Грција, Албанија) и организации за поддршка на бизнисот (од Македонија (БЈРМ) и Бугарија).
Проектот се фокусира на можностите за зголемување на конкурентноста и растот на еден од најперспективните економски сектори во регионот – туризмот и угостителството, преку справување со главните пречки во развојот кои се однесуваат на недостаток на вештини, капацитет за иновации и неефикасно користење на природните ресурси.
ХЕЛИКС има за цел да ги зголеми компетенциите за одржлив бизнис и иновации (особено меѓу МСП и претприемачи) во угостителскиот сектор во Балканско-медитеранскиот регион. Почнувајќи од септември 2017 година во континуитет од 24 месеци, партнерите во проектот ќе работат заедно за да ја подобрат понудата за обука во угостителството преку развивање на ефективни заедници за учење и пракса, алатки за учење и заеднички образовни понуди во корист на сопствениците и претприемачите на угостителски МСП, студенти и обучувачи, и други засегнати страни.